WACS – World Association of Chefs Societies – Светската асоцијација на готвачи и Шефови на кујни е глобална интернационална мрежа на национални федерации, асоцијации и здруженија на готвачи и шефови на кујни. Првиот основачки конгрес е одржан во октомври далечната 1928 година, на Сорбона во Париз. На тој прв конгрес присуствувале 65 делегати од 17 земји во светот, кои што претставувале 36 национални и меѓународни асоцијации, а за прв почесен претседател на WACS бил проглаеен August Escoffier.
Денес, оваа глобално тело како членови има повеќе од 150 официјални национални готвачки здруженија. Биеналниот конгрес е белег и традиција на WACS и е организиран во повеќе од 20 градови низ светот во текот на својата славнa 89-годишна историја. WACS е раководен од страна на избрано претседателско тело, кое што се состои од претседател, потпретседател, благајник, генерален секретар и амбасадор-почесен претседател, а Одборот на континентални директори се грижи за регионите на Азија, Европа, Африка, Пацификот и Америка. Посебен Комитет управува со рабоите поврзани со кулинарските натпревари.

Повеќе за WACS: https://www.worldchefs.org/