ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Македонија, Асоцијацијата е oснована во мај, 2016 година, од група врвни професионалци во гастрономијата, туризмот и во менаџментот во угостителството, како и студенти и средношколци, но и аматери ентузијасти од сите сфери кои што имаат доприрна точка со кулинарството. Како единствена и ексклузивна национална асоцијација што формално ја претставува Република Македонија во интернационални рамки, ГастроМак е дел од огромното семејство на WACS – World Association of Chefs Societies (Светската организација на шефови на кујни), асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од над 150 држави во светот.
Ние сме горди што сме дел од WACS, следејќи ги светските гастрономски достигнувања презентирајќи ја македонската гастрономска традиција и умешност и активно учествувајќи во креирањето на уште едно Залче од светските вкусови!
ГастроМак е членка на Советот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот на Република Македонија и од самите почетоци посветено учествува во активностите на Агенцијата во презентацијатата на македонската традиционална и модерна кујна на многу манифестации, од нaтпреварувачки и до ревијален карактер, организирани во нашата држава и во меѓународни рамки.

ФАКТИ ШТО НЕ ПРАВАТ ГОРДИ: 30 земји учеснички, 3 натпреварувачки денови, 50 натпреварувачки часови, 30 часови мастерклас предавања, 10 натпреварувачки боксови, 60 WACS интернационални судии, 30 Мастерклас предавачи, 300 натпреварувачи од сите краишта на светот, 33 натпреварувачки категории, 1.000 поделени признанија (благодарници, дипломи, бронзени, сребрени и златни медали, пехари); 1 Семинар за сертификација на нови WACS судии, 12 организирани туристички тури за странските гости, 50 часови пренос во живо на Фејсбук од случувањата, 10 месеци организациски и логистички подготовки, и – многу љубов, ангажираност и посветеност овој Континентален WACS настан стане најмаркантен годишен собир на глобални шефови на кујни во Југоисточна Европа.

 

 

 

Сакате да бидете дел од нас?

info@gastromak.mk

Работно време

Од Пон - Пет: 09:00 - 17:00