Членови на ГастроМак

Љупчо Гиевски

Шеф


Шеф на кујна во хотел “Александар Палас” и заменик претседател на ГастроМак. Работната биографија Шеф Гиевски е тридецениска и меѓу колегите е познат како исклучителен професионалец и врвен познавач на македонската и на интернационалната гастрономија. Шеф Гиевски е Меѓународен судија со големо искуство во оценување на гастрономски натпревари во земјава и во странство. И во минатото и сега, тој постојано работи и едуцира тимови готвачи и професионален персонал, пренесувајќи го своето искуство и создавајќи нови генерации врвни македонски готвачи и шефови на кујни. Тој повеќекратно ги предводел тимовите и ја презентирал македонската кујна во многу земји низ светот. Во 2010 и 2011 година, Шеф Гиевски ги предводел тимовите кои што во два наврата го поставија Гинисовиот рекорд во подготвување на грав во казан.

Миле Неделковски

Шеф


Шеф на кујна во ресторанот на болницата “Филип Втори” во Скопје. Богатата професионална експертиза е сублимат на работното искуство и можноста да се надградува со учествa на бројни манифестации во земјата и во странство на кои ја презентира македонската кујна, но и можностa да се запознае со кујни од повеќе региони во светот. Неговата голема придобивка е тоа што тој имал прилика да работи со доајените на македонската гастрономија во 80-те и 90-те години од минатиот век и тоа искуство денес со задоволство го пренесува на помладите колеги. Неговите кулинарски вештини, македонската јавност има можност да ги следи низ многубројните телевизиски и други медиумски настапи со прилози за готвење. Шеф Неделковски беше дел од македонскиот тим готвачи што од 31 март до 14 април 2016 година ја представуваше македонската традиционална кујна на Саемот за културно наследство во Шаржа - Sharjah Heritage Days, во Обединетите Арапски Емирати.

Јетон Таравари

Шеф


Шеф на кујна во рестораните New Albis, Гостивар. Како високо-професионален готвач, основата во гастрономијата ја стекнал со своето дипломирање во Економско - Угостителската школа во Зрењанин, кај Професор Стефан Шфендерман. Богатото работно искуство го започнал во 1986 година, при што во годините што следуваат тој постојано се надградува со работа и специјализирање во повеќе области од гастрономијата, во многу угостителски објекти специјализирани за подготовка на интернационална храна. Со својот работен ангажман, тој има остварено безбројни успешни проекти кои што оставиле специфичен белег, меѓу кои што се истакнуваат заживувањеата на македонските традиционални готварски специјалитети, како што е, на пример, подготовката на специјалитетот “ашуре”.

Влатко Ѓорѓиевски

Шеф


Шеф на кујна во Хотел “Бетон”, Охрид / Шеф во Винаријата “Стоби. Тој е роден 1986 година, а љубовта кон професијата, посветеноста кон работата и почитта кон своите повозрасни колеги направија многу бргу да ги совладува вештините во професионалната кујна. За својот успех, Шеф Ѓорѓиески е благодарен за вредносните темели на професијата кои што му ги пренеле неколкумина врвни македонски гастрономски имиња, меѓу кои и неговиот татко, кој сè уште е професионален готвач и со кого тој може да се посоветува за сите предизвици на професијата. Патот на личниот успех и јавната афирмација на професијата Шеф Влатко го започнаа учество на Првото македонско гастрономско телевизиско шоу - “Во оган“. Тој е активен поборник за едукација и подигање на свеста на најмладите за важноста на здравите навики во исхраната, тема на која што со радост зборува со учениците од средното угостителско училиште и студентите од Факултетот за туризам, со кои што го споделува своето практично искуство. Шеф Ѓорѓиески ја има привилегијата дека живее и да работи во Охрид, балканскиот туристички бисер и многу често е во можност да готви за претставници на домашниот и интернационален општествен, политички, дипломатски и културен естаблишмент.

Јадранка Даскаловска

Шеф


Шеф на кујна во ресторан “Амика”, Скопје Јадранка има над триесет години работно искуство и нејзината работна биографија е создавана со ангажмани во тимовите во елитни ресторани и институции во земјава и Уште пред петнаесетина години, Шеф Јаданка ги има подготвувањето рецептите во неколкуте први сезони на популарниот проект “Храна и Вино”. Таа е особено горда на своето учество во македонскиот тим кој во село Сарчиево, во 2010 и 2011 година, во два наврата, го подготви најголемото количество на гравче во казан (5.600 литри) и го постави св Гинисовиот рекорд. Во април 2016 година, на покана од Министерството на култура на Република Македонија, таа беше дел од тимот готвачи кој во Шаржа во Обединетите Арапски Емирати на Саемот на светското културно наследство ја презентираше македонската традиционална трпеза. Посветеноста, постојаното усовршување и повеќегодишното искуство ја издвоија Шеф Даскаловска меѓу неколкуте професионалци во струката кои многу често добиваат покани од огранизаторите како оценувачи во жири комисиите во гастрономските натпревари на професионални, но, и готвачи аматери во Македонија.

Стефан Гиевски

Шеф


Шеф Гиевски е сопственик на добропознатата скопска Гостилница “Птица”. Високо образование го завршува на Универзитет Гоце Делчев, во Штип, насока Гастрономија, исхрана и диететика, а искуството во изминатава деценија му донесе неколку значајни интернационални гастрономски награди од Талин во Естонија, до Дубровник во Хрватска. Во 2010 и 2012 година, Шеф Гиевски беше член на тимот за подготвување на македонско гравче, кој што го собори Гинисовиот рекорд во Сарчиево, Штип.

Дејан Христовски

Шеф


Шеф Дејан Христовски е пошироко познат како “Дени - 4 сезони“. Роден 1976 година, во Скопје и потекнува од семејство кое што се занимавало со угостителство, а тој е горд што ја продолжува традицијата. Тој е вљубеник во италијанската кујна, во пицата, тестенините, различните сосови и сето она што го нуди оваа кулинарска култура и традиција, препознатлива низ целиот свет. Во 2004 година го отвори првиот модерен ресторан за брза храна ”Далмација” во Скопје, како и Пица-барот ”4 сезони” со кои успешно функционира и денес. Шеф Дени беше автор и водител на кулинарското шоу ”4 сезони”, кое што се емитуваше од 2005 до 2011 година, каде што цели шест години ги забавуваше гледачите и готвеше храна од многу различни култури. Во потрага по проверка на сопствените кулинарски способности и познавања, тој почна да остварува кулинарски патувања и да се натпреварува на многу познати европски гастрономски натпревари, од каде што секогаш се враќа со награди и гастрономски титули, а меѓу кои од Гастрономски витез на Полска и почесен член на таа национална асоцијација во 2013 година, преку Златен медал за најдобар балкански десерт на Балкан куп организиран од WACS, во Белград 2013 година, до Златен медал за традиционална турска чорба, Master Chef, Аланија, Турција во 2015 година.

Игор Атанасов - Каспер

Шеф


Шеф Игор е роден 1981 година и во своето дванаесетгодишно искуство има работено во повеќе угостителски објекти и имал можност да се запознае со повеќе кујни. Особен афинитет има кон националните кујни и ги практикува италијанската и медитеранска кујна. Тој смело комбинира храна и тврди дека нашето поднебје кое изобилува со многу сончеви денови во годината е ризница на најубавите зеленчуци и овошја кои што секојдневно треба да се консумираат, нагласувајќи дека, притоа, треба и да се внимава на термичката обработка како би ги задржале своите најхранливи состојки. Посебна почит Шеф Игор има кон познатите скопски мајстори на кујните, од кои што ги учел гастрономските вештини. Уште од тогаш ја памети максимата која што и тој денеска ја применува: Kога ќе се постави трпазата, делата кажуваат сè за готвачот! Во септември 2016 година, Шеф Игор беше претставник на ГастроМак на Второто издание на познатата балканска манифестација Food Talk, на која што истакнати готвачи, нутриционисти, професори, стопанственици и естрадни лица дискутираат за значењето на храната, гастрономијата и туризмот.

Цветанче Тодоровски

Шеф


Шеф Цветанче Тодоровски е роден во 1997 година и е најмладиот готвач во тимот на ГастроМак. Уште од практикантските денови, тој покажува исклучителна посветеност и желба да ги совладува вештините што ги карактеризираат најдобрите готвачи, а тоа sе желба за работа, постојаното усовршување и почитта кон колегите. Шеф Тодоровски, во моментот, работи во Етно село Тимчевски, во Кумановско и негова желба е да се натпреварува на професионални гастрономски натпревари. Во септември 2016 година, Шеф Тодоровски беше дел од тимот на ГастроМак кој што имаше исклучителна можност да остварат студиски престој во Германија, при што беше реализирана посета на фабриката за професионална опрема во кујни PALUX. Во тренинг центарот на PALUX, Шеф Тодоровски присуствуваше на Master class што го одржаa познати гастромонски експерти.

Стојанчо Андоновски

Шеф


Шеф Андоноски е роден во 1981 година, а во моментот е на позицијата Шеф на кујна во ресторан Гогов, во Пехчево. Професионалниот ангажман го започнува со изучување на тајните на подготовката на тесто за бели печива и бурек. До денешен ден, со задоволство ги изработува сите специјалитети од тесто познати во Малешевијата како зелник, попарник и баници со кори од тегнато тесто. Во 2011 година, Шеф Андоновски заминува во странство, а во Англија останува цели пет години, како шеф на кујна во Лондон, во познатиот ресторан “Вардар”, кој важи за омилено место на многубројните Македонци во Лондон, како и во ресторанот “Little bay“ и во лондонскиот хотел “Бошко“. Стекнатите знаења во странство придонесоа тој да ја совлада интернационалната кујна, да ја прифати работната дисциплина и почитувањето на своето и туѓото време, а позицијата Шеф на кујна во хотелот “Гогов“ отвори новата етапа во професионалната кариера на Шеф Андоновски. Тој многу вложува во својата едукација преку размена на искуства со колеги, следење на трендовите во гастронимијата, но и посети на работилници и семинари. Тој беше дел од тимот на ГастроМак, како гости на PALUX и учество на работилницата во нивниот тренинг центар.

Велимир Илиевски

Шеф


Шеф Велимир Илиевски е роден 1990 година, во Скопје, работи како шеф на кујна во италијанскиот ресторан Воденица - Мулино. По вредното искуство во неколку добропознати скопски ресторани, во 2010 година започнува со работа како готвач во ресторанот Воденица - Мулино, приказна која трае веќе седум години. Од сите кујни во светот најголем предизвик му е италијанската кујна. Шеф Илиевски тврди дека во кујна треба да има “само вистински лидери кои знаат да бидат тимски играчи и врвни професионалци за одржување на нивото да се биде на врвот”. Горд е што во последните две години ресторанот Воденица,со својот тим на готвачи успеале да ги соберат сите светски и европски признанија и сертификати, како на пример онаа за Најдобар ресторан во Македонија (Наградата Quality Summit Award New York 2016 Restaurant Vodenica - Mulino), кое пред се се должи на напорната работа, некогаш и од по 12 часа дневно и љубовта кон храната. Обожува да учествува на интернационални натпревари, каде што се стекнуваат нови искуства и знаења, но и сака да го презентира својот натпреварувачки дух на рамниште на светските лидери во готвењето. Шеф Илиевски е посветен во работата кон неговата цел - да стане врвен готвач.

Лирим Даути

Шеф


Шеф Лирим Даути, роден во Италија, 1993 година. Шеф Лирим е во од 2012 година работи во познатиот ресторан Албис во Гостивар. Учествувал на еминентни гастрономски натпревари и манифестации, каде има освоено врвни награди и признанија.

Горан Дукадиноски

Шеф


Шеф Горан Дукадиноски роден на 4.11.1986 во Струга. Редовно вработен во хотел Десарет во Охрид. Желба да стане кувар ја имал уште од мал така што немал дилема што ќе изучува и се запишува во средното угостителско училиште во Охрид, кој истовремено продолжува да работи како кувар. Желба да постане уште подобар кувар му е секојдневна водилка во усовршувањето на кулинарските вештини. Како член на Асоцијацијата има учествувано на повеќе гастрономски натпревари каде има освоено многубројни награди, во различни категории: јадења од риба, бронзен медалл во Турција, за роловано пилешко на модерен начин, златен во индивидиулано, додека сребрен медал во тимски натпревар во Крагуевац – Србија, во подготовка на чоколадни десерти.

Драган Лазовски

Шеф


Шеф Драган Лазовски - Драгче, роден на 04.05.1986 во Скопје. Вработен во ,,Енрико" пица и паста во Т.Ц. Лептокарија кој што важи за еден од најреномирани и елитни ресторани во Скопје. Со угостителство се занимава повеќе од 10 години и е запознаен со повеќето од обврските кои може да ги има еден ресторан. Улогата и досегашното искуство како готвач го добива со работа и прекумерна желба и љубов кон гастрономијата. Секогаш се стреми кон нови предизвици и сака да ја практикува работата на реномираните готвачи и да прима совети од колегите. Комуникативен,секогаш весел и спремен за соработка, гостопримлив и одмерен. Преферира да готви балкански домашни јадења и никогаш не одбива весело и добро друштво. Моментално има освоено бронзен медал во натпревар за чоколадни десерти во Крагујевац - Р .Србија во иднина се стреми кон поголеми достигнувања и успеси

Анастасија Чутрова

Шеф


Шеф Анастасија Чутрова Родена во 2000 во Велес, моментално средношколка во угостителското училиште во Охрид, 3та година. За нејзе работата и трудот секогаш се на прво место. Желбата на Шеф Анастасија Чутрова е постојано да го надоградува своето знаење и да продлабочува во гастрономските води и секако еден ден да биде врвен готвач. Најубавите искуства ги има стекнато и сеуште ги стекнува на гастрономските интернационални натпревари кои го исполнуваат секој готвач со радост, дружби и среќа. Освоени награди: 1.Бронзен медал(Модерна Кујна) -Истанбул,Турција 2.Бронзен медал (Чоколаден десерт? -Крагујевац,Србија 3.Сребрен медал (Чоколаден десерт-екипно) -Крагујевац,Србија 4.Бронзен медал (Готвење мени)-Будва,Црна Гора

Златко Таневски

Шеф


Шеф Златко Таневски е роден во 1996 година. Совето средно образование го завршува во стручно училиште, насок готвач во ОУТУ "Ванчо Питошески" Охрид. Тука освен третиот степен за готвач завршува и четврт степен за Хотелско-туристички техничар. Воедно додека учел тука ја посетувал и задолжителната пракса која ја обавувал во "одморалиштето на МВР" во Охрид. По завршуваењето на средното образование веднаш се вработува во ресторан "Гладиатор" во стариот дел од Охрид. Во 2015 година се вработува во ресторан "Две Лири" во Ресен како одговорен на смена. Следен ангажмани во октомври 2016 е учесник на првиот интернационален натпревар во Скопје оргнизирн од ГАСТРОМАК каде што освои бронзен медал во категорија паста. Заедно со ГАСТРОМАК е учесник на натпреварот во Истанбул каде што освои сребрен медал во категорија риба. Учесник на натпреварот во Будва. Од сите учества на натпревари и и манефестации собра големо искуство, знаење и добри пријателства.

Кристијан Китанов

Шеф


Шеф Кристијан Китанов е најмладиот член на Асоцијацијата ГастроМак, роден 10.05.2000 во Велес. Млад и амбициозен готвач кој работи во винарија Стоби, скоро втора година. Шеф Китанов е готвач кој се определил кон модерната и италијанската кујна. Овој млад готвач досега има учествувано на два меѓународни натпревари во Турција и Словенија каде има освоено признанија.

Снежана Ангеловска

Шеф


Снежана е дипломиран клинички психолог со завршен Медицински универзитет. Таа поседува Сертификат за меѓународно слаткарство од Граѓански Универзитет Кочо Рацин. Нејзините вештини и способности се: декорација на свадбени, роденденски и останати десерти и прослави, изработка на тематски торти, декорација и изработка на Алакарт десерт, изработка на пансионски колачи и торти, специјалност изработка и декорација на чоколадо. Работното искуство го има стекнато во Хотел Александар Палас (слаткар), Хотел Ројал - Истанбул (хонорарно - зимска сезона слаткар), Хотел Парк - Будва (хоноранрно - летна сезона слаткар), Ресторан Ореов Лад (слаткар, персонален организатор и презентер на гости), Хируршки клинички центар (клинички психолог), Национална Македонска Радио Телевизија (свој кулинарски серијал ТВ – шоу “БРЗО ЕФТИНО И ВКУСНО“, Хотел Асторија - Будва (слаткар), Хотелска група Будванска Ревиера (шеф на централната слаткарница). Снежана е основач на хуманитарна организација “Ангелчиња – ХОА” – Скопје, Организатор на локални и имеѓународни хуманитарни манифестации и има учествувано на разни меѓународни манифестации, акции како и разни натпреварувања, потоа има учество на домашни и меѓународни натпревари за торти и освоени многу награди.

Дејан Стојанов

Шеф


Дејан Стојанов, роден 1984 во Штип. Со оваа професија започнал со завршувањето на средно туристичко како хотелско-туристички техничар во Гевгелија, по примерот на неговата фамилија со долгогодишно работење во угостителството. Во 2004 год. во Скопје отвора своја пицерија, од 2006 до 2008 заминува во Софија, Бугарија на усовршување во делот на кујната. Во 2009 година во Штип започува и обука за пекарски производи со што и се стекнува со дополнителни знаења во делот на пекарски производи и отвора свој млечен ресторан. Во 2012 заминува во Црна Гора на усовршување и работа како пица-мајстор и усовршување паралелно на Медитеранска кујна. Во 2014 година во Штип започнува да работи како готвач во неколку познати ресторани. Од 2016 година работи како готвач во Ултра Ресторан “ЛОНГУРОВ” во Штип.