Четири медали за ГастроМак на натпреварот Босански Дукат
23/11/2016

Grand Prix наградите за најуспешните готвачи на првиот меѓународен гастрономски натпревар “МАКЕДОНИЈА 2016”

Претседателот на меѓународното жири chef Дејан Станковиќ од Србија во име на 15 – членото жири ги додели највисоките одличја на натпреварот “Македонија 2016” ги добија:

– GRAND PRIX наградата во категоријата Национално јадење на модерен начин го освoи шеф Игор Атанасов- шеф на кујна во ресторанот “Фурна”.
– GRAND PRIX наградата во категорија пилешко индивидуално сениори освои Милош Јовановиќ- шеф на кујна во ресторан “Мали врабац” на Скадарлија во Белград
– GRAND PRIX наградата во категорија риба – индивидуално сениори освои Ивица Алексов од Словенија
– GRAND PRIX наградата во категорија пилешко – индивидуално сениори освои Драган Стојменовиќ од УУТП Ниш, Србија
– GRAND PRIX наградата во екино јуниорска категорија освои тимот на HoReCa Асоцијација Крагујевац, Србија
– GRAND PRIX наградата во јуниорска категорија Black Box – поединечно освои готвачот Ермалд Тото од Албанија
– GRAND PRIX наградата во јуниорска категорија тестенини – поединечно освои Никола Младеновиќ од Високата угостителска школа во Лесковец, Србија
– GRAND PRIX наградата во екино јуниорска категорија во Black Box освои тимот на HoReCa Асоцијација Крагујевац, Србија
Претседателството на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК, организатор на Првиот меѓународен гастромономски натпревар “Македонија 2016”, додели две специјални признанија.
– Специјална благодарност му беше доделена на г-дин Вујадин Вујадиновиќ – претседател на HoReCa Асоцијација Крагујевац, Србија. Г-дин Вујадиновиќ на натпреварот “Македонија 2016” беше именуван за Координатор на натпреварувачкиот дел, работата на судиите и настапот на натпреварувачите

– Специјална благодарност за организационата поддршка на натпреварот “Македонија 2016” беше доделена на HoReCa Асоцијација Крагујевац, Србија. Во име на Асоцијацијата признанието го прими подпретседателот г-дин Владимир Арсенијевиќ.

 

Организациона поддршка на натпреварот
Координатор на натпреварувачкиот дел, работата на судиите и настапот на натпреварувачите ВУЈАДИН ВУЈАДИНОВИЌ