Grand Prix наградите за најуспешните готвачи на првиот меѓународен гастрономски натпревар “МАКЕДОНИЈА 2016”
01/10/2016
МТВ – Учество на натпреварот во Босна
30/11/2016

Четири медали за ГастроМак на натпреварот Босански Дукат

Капитенот шеф Бобан Билбиловски и шеф Игор Атанасов освоија четири бронзени медали на 5-от меѓународен гастрономски фестивал “Босански дукат – Вкусовите на Херцеговина” 2016 кој од 23-26 ноември се одржа во градот Широки Бријег. Готвачите на Гастро Мак учествуваа во категориите подготовка на национално јадење на модерен начин и во категоријата подготовка на риба и десерт.
Под менторство на тимот на Гастро Мак, професорката Сузана Лековска и директорот Александар Бачевски на овој меѓународен натпревар учествуваше и тимот на ученици од Средното стручно училиште “Моша Пијаде“ од Тетово. Учениците кои во најдобро светло го презентираа своето училиште се Николина Крстевска, Бране Јовановски и Стефан Столески. Тие се натпреваруваа во јуниорска категорија.
Во силната конкуренција на млади колеги од целиот регион, ученикот Бране Јовановски го освои сребрениот медал во категоријата подготвување на јадење од риба, а, учениците Николина и Стефан ги добија дипломите за покажаното знаење и вештини. Ова е извонреден личен успех и успех со кој се гордеат менторите, професорите, директорот, сите ученици на Средното стручно училиште “Моша Пијаде“ од Тетово и ние повозрасните колеги од Здружението на готвачи ГАСТРО МАК.
Учеството на тимот на ГАСТРО МАК и поканата до учениците од Тетово да ни се придружат во представувањето на Република Македонија на меѓународниот гастрономски фестивал “Босански дукат – Вкусовите на Херцеговина” е уште една успешна приказна во остварувањето на програмските цели на Здружението да даваме сопствен придонес во промоцијата на нашата земја како туристичка дестинација со богата гастрономска понуда по која сме препознатливи во светот. Личните контакти и можноста да се разменат искуства со колегите готвачи од целиот регион се уште една исползувана прилика на овие млади луѓе за збогатување на нивните знаења со цел унапредување на професионалните стандарди во готварската професија во Република Македонија.