Почитувани WACS судии, натпреварувачи, едукатори, драги спонзори и гости, подржувачи, волонтери и посетители, изминатите денови ги сумиравме впечатоците од завршениот Трет Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак 2018, којшто се одржа од 08 до 12 октомври, во Хотелот Вила Парк, во Струмица!
Резултатот е: направивме петдневен настан за паметење и ја естаблиравме Македонија на гастрономската мапа на светот!

  • 30 земји учеснички

  • 3 натпреварувачки денови

  • 50 натпреварувачки часови вкупно

  • 30 часови мастерклас предавања вкупно

  • 10 натпреварувачки боксови

  • 60 WACS интернационални судии

  • 30 Мастерклас предавачи

  • 300 натпреварувачи од сите краишта на светот

  • 33 натпреварувачки категории

  • 1.000 поделени признанија (Благодарници; Дипломи; Бронзени, Сребрени и Златни медали; Пехари)

  • 1 Семинар за сертификација на нови WACS судии

  • 12 Организирани Туристички тури за странските гости

  • 50 часови пренос во живо на Фејсбук од случувањата

  • 30 часови мастерклас предавања вкупно

  • 10 месеци организациски и логистички подготовки


И - многу љубов, ангажираност и посветеност овој Континентален WACS настан да го направиме еден од најмаркантните годишни собири на глобални шефови на кујни во Југоисточна Европа. Ја изразуваме нашата неизмерна благодарност до сите вклучени во организацијата и реализацијата на настанот: без вас, ГастроМак 2018 немаше да биде тоа што е!
Се гледаме и следната година, на Четвртиот Интернационален Гастрономски Натпревар – ГастроМак 2019!
Со огромна почит, Тимот на ГастроМак!