ТАМАРО и “BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID” НА 12 ОКТОМВРИ
09/09/2019

ТАМАРО И”BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID” НА 12 ОКТОМВРИ

Специјален ден: 12 октомври, посветен за сите љубители на риби, во склоп на најголемиот гастрономски ивент во земјата- „Гастромак 2019“.
Станува збор за Тамаро и „BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID“, популарниот „фиш фестивал“ на Chef Дон Давид, кој ни доаѓа од Москва, Русија.
Сценариото е следно: уште од 11 часот, кајчињата со уловените
риби ќе бидат укотвени пред хотелот Нова Ривиера, од каде судската гастрономска елита, во состав- Томас Гуглер, Доменико Маџи, Дон Давид, Анил Гровер, Ѓорѓе Костиќ, Мишел Луис Ленц, Алан Пајен, Изток Легат, Стево Карапанџа и Вуко Митровиќ, ќе одбираат што ќе „препелкаат“ на скара. Изненадувањата се подразбирааат, но Ви ветуваме најоригинална забава под ведро небо во најубавиот Охрид. Потоа, откако судиите ќе си ја завршат работата, тазе, најтазе риба од скара ќе „се пресели“ на вашите чиниии, бидејќи дегустацијата е задолжителна! Значи, не пропуштајте, ТАМАРО и BBQ FISH FESTIVAL DON DAVID на 12 октомври пред Нова Ривиера. Дојдете, да ја славиме гастрономијата!