КОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
13/06/2018
ГАСТРОМАК ГО ПРОСЛАВИ ТРЕТИОТ РОДЕНДЕН
20/02/2019

ШЕФ ДАВИД САНЏАКОСКИ ДОБИ ДИПЛОМА ОД GLOBAL CHEF CHALLANGE ВО РИМИНИ, ИТАЛИЈА

 

Шеф Давид Санџакоски, регионален директор на Гастромак за Струга, на натпреварот во Римини, Италија, на престижниот Global chef challange доби диплома – највисокото достигнување во мало Европско финале.

– Ова е за мене одлично професионално и животно искуство, вели Давид- сеуште под импресии од овој голем настан. – Дадов се од себе, го преставив Гастромак и Македонија во најдобро светло. Ете, ми се случи Олимпијада пред Олимпијада.
Инаку, дипломата од Global chef challange е максимум што еден поединец може да ја добие, бидејќи за влегување во конкуренција за главната награда, комплетниот тим треба да учествува во сите натпревари.
Ќе биде и тоа, но сега е најважно што и во Италија е пробиен мразот.
Браво Давид, Гастромак се гордее со тебе!