OHRID CALLS, GASTROMAK INVITES!
24/03/2019
Гастромак е подготвен за NATIONAL COMPETITION OF CATERING WORKERS OF MONTENEGRO во Будва
15/04/2019

Првите луѓе на Гастромак со дипломи од „Chocolate Academy Milano“


Првите луѓе на Гастромак, Адријана Алачки- Претседател, и Бесим Љатифи од New Albis, штотуку се вратија со дипломи од „Chocolate Academy Milano“. Станува збор за престижниот семинар во Милано, Италија, каде три дена, теоретски и во пракса, присуствуваа на создавањето на префинетите вкусови на чоколадни мињони, деликатеси што бараат знаење, трпеливост и смелост.
-Поканата ја добивме од Chef Љубица Комлениќ, голем професионалец со Мишелин ѕвезда, која беше иницијатор за нашето одење . Во оваа прилика и се заблагодаруваме на несекојдневната привилегија да сме дел од „Chocolate Academy Milano“ – раскажува Адријана Алачки. – Инаку, семинарот се состоеше од три дела : сува база на теста, потоа – кремови и на крај волшебните глазури како и запознавањето со новите технологии во работата. Навистина импресивно! Chef Davide Comaschi презентираше хармонија на вкусoви и естетика, со својата супериорност во знаењето и готвењето не освои „на прва топка“, што е фантастично искуство и ретка можност искуството да го пренесема на нашите членови.“
Освен дипломи, Адријана Алачки и Бесим Љатифи воспоставија и за Гастромак драгоцени контакти.