Претседателката на Гастромак во Азербејџан
17/05/2019
ГАСТРОМАК 2019 ВО ОКТОМВРИ ВО ОХРИД- Don’t Worry, Be Ohrid
28/06/2019

Нови победи на 6-иот Меѓународен Гастро Туристички фестивал во Ниш


Заврши 6-иот Меѓународен Гастро Туристички фестивал во Ниш, Србија, каде Гастромак повторно ги покажа своите квалитети и едноставно блесна со наградите и признанијата.


Лирим Даути, Хабиб Зекири, Валон Нухи, Анастасија Чутрова и Ангел Карбевски, секој во своето, едноставно беа ненадминливи.
Тимот од New Albis, во категоријата- модерна кујна се закити со куп награди: на Лирим Даути му припадна злато и сребро, Хабиб Зекири доби злато и сребро а Валон Нухи – злато и бронза.


Потоа, Анастасија Чутрова се закити со сребро во категоријата модерна кујна а Ангел Карбевски- злато, во категорија -пица и сребро за модерна кујна. Браво за подмладокт!


А како јаготка на торта, дојде наградата за нашата челична леди. Имено, претседателка на Гастромак, Адријана Алачки се закити со најголемото признание, Гран- при на овој гастрономскиот спектакл!