Адријана Алачки, претседателката на Гастромак на „VISIT DAGESTAN 2019“
21/04/2019
Гастромак на Hit Alpinea во Крањска гора
08/05/2019

Гастромак со награди и признанија од натпреварот во Будва

Заврши гастро- шампионатот на угостителско- туристички работници и шефови на кујни, NATIONAL COMPETITION OF CATERING WORKERS OF MONTENEGRO во Будва, Црна Гора.

Се вративме со многу награди, признанија, и квалитетни ангажмани.
Претседателката на Гастромак, Адријана Алачки доби златна плакета и признание од г-динот Вуко Митровиќ, со што уште еднаш се потврди нејзиниот рејтинг во светот на гастрономијата.


Што се однесува до резултатите од овогодишниот натпревар, беше интересно и полно со изненадувања.

Нашите натпреварувачи во силна конкуренција освоија награди – сребрен медал за Иван Велков, две бронзи за Васе Георгиев и Велимир Илиевски и благодарница за Игор Атанасов. Тие во натпреварот подготвуваа салата, паста и главно јадење.


Членовите на Гастромак, шефовите Игор Атанасов и Снежана Ангеловска на шампионатот имаа свој дел и како судии, со што го  манифестираа своето знаење и искуство.

Во едукативниот дел, семинарот за судии на WACS – World Association of Chefs Societies (Светската организација на шефови на кујни) во Будва го проследија Гастромак шефовите – Благоја Велковски и Светлана Димовска а предавањата ги држеше директорот на WAKS за југоисточна Европа, г-динот Доменико Маџи.

Се на се, од Будва се вративме полни со впечатоци, награди и убава енергија што ќе не инспирира и понатаму.