Welcome Chef Orkhan Mukhtarov
17/04/2019
Адријана Алачки, претседателката на Гастромак на „VISIT DAGESTAN 2019“
21/04/2019

Гастромак се придружува на хуманитарната манифестација „Chefs for life- Кувари великог срца“

Chef Љубица Комлениќ, Top Italian Chef, ама и жена со огромно срце, заедно со неколку нејзини колеги е промотер и соорганизатор на Манифестацијата „Chefs for life- Кувари великог срца “ што ќе се случува на 5 мај во Врбас, Србија.
Манифестацијата е посветена на децата со посебни потреби, целта е да се крене свеста за нив, за нивната постојана зависност од родителите а Гастромак со задоволство ќе биде дел од оваа хуманитарна мисија. Секојдневните предизвици и искачувањето до врвот се сон на секој професионалец, но да им се помогне на децата со тешкотии е остварување на сонот на секој човек. Затоа се придружуваме.
На „Кувари великог срца – Chefs for life“ главниот збор го имаат палачинките- неодамна готвачите и шефовите од Сараево испекле 14 800 палачинки, а во Врбас, готвачите со големо срце ќе ја надминат бројката. Во текот на денот ќе биде подготвувана и традиционалната храна, со која ќе бидат послужени сите посетители а се што ќе остане ќе биде донирано на народните кујни.
Инаку „Chefs for life“ влезе во календарот на Манифестации на Министерство на трговија, туризам и телекомуникации на Владата на Република Србија и на Туристичката организација на Србија.