Првите луѓе на Гастромак со дипломи од „Chocolate Academy Milano“
15/04/2019
Welcome Chef Orkhan Mukhtarov
17/04/2019

Гастромак е подготвен за NATIONAL COMPETITION OF CATERING WORKERS OF MONTENEGRO во Будва

Гастромак е подготвен за акција, ќе ги засука ракавите од 22-25 април зошто крајот на месецот традиционално е резервиран за Црна Гора, за Интернационалниот натпревар NATIONAL COMPETITION OF CATERING WORKERS OF MONTENEGRO. Будва, чекај не, доаѓаме да блеснеме во полн состав.

Во Црна гора заминуваат Адријана Алачки, Претседател на Гастромак и Валентина Вања Тодоровска PR на Гастромак.
Нашите адути за овој натпревар во Црна Гора се Филип Теменугов и Иван Велков кои се натпреваруваат во категориите модерна кујна и риба, Благоја Велковски, Игор Атанасов и Васе Георгиев ќе ја покажат својата супериорност во категорија – модерна кујна а Арлинда Кодра во слатката, категорија на торти.
Во тимскиот натпревар е моќниот двоец- Давид Санџакоски и Велимир Илиевски, а истите, заедно со Игор Атанасов и Снежана Ангеловска се дел од судското жири.
Семинарот за судии е резервиран за Благоја Велковски и Светлана Димовска.
Гастромак е подготвени за награди и признанија, и за дружба со колегите од светот на гастрономијата.