Овој јануари, како што самите сакаат да кажат – семејството Гастромак, го прослави својот трет роденден. Без оглед на лошото време, членовите на Гастромак од цела Македонија беа во Етно село Тимчевски, каде со пријателите, подржувачите и гостите од истата бранша, го одбележаа нивниот ден.


Веќе нема дилема – Гастромак самоуверено го држи приматот, со многу работа и докажување стана бренд и постојано, на натпреварите во Европа и поширо, натпреварувачите се враќаат со признанија, дипломи и награди. Чекор по чекор, скала по скала, ова здружение успеа да ја крене гастрономијата на завидно ниво и името Гастромак да го испромовира на најдобар начин. И, уште поважно, Македонија со нив, суперирно ја демонстрира својата гастрономска моќ.


И, кога слави Гастромак, слават и сите други пријатели кои за успешната соработка добиваат признанија.
За најдобрите ресторани се прогласени – Њу Албис од Гостивар, Хотел Вила Европа од Струга, Стара Градска Куќа од Скопје, Аликас од Скопје, Ресторан Амор и Етно Село Тимчевски.