Гастромак во Украина
28/02/2019
Се гледаме на „Гастромак 2019“ од 10-14 октомври на Охридскиот брег
05/03/2019

Браво : Злато, сребро и две бронзи за Гастромак во Украина

На гастрономскиот натпревар Best cook fest- Podillia во Украина, се вееше знамето на Македонија, а тимот на Гастромак доби се: златна, сребрена и две бронзени медали. Игор Каспер Атанасов и Благоја Велковски добија награди а Весна Тодоровска- Алачковска го имаше ангажманот, заедно со Игор, како Меѓународен судија.
Благоја Велковски освои злато за риба и бронза за модерна кујна и за ова искуство вели:
– Конкуренцијата беше голема, ги одмеривме силите со големите светски гастрономски мајстори, а покрај наградите, го збогатив моето искуство преку соработката со моите колеги и судии. Некои нивни совети ги искористив во текот на натпреварот.“


Игор Каспер Атанасов, освои сребро и бронза и тоа во подготвување јадења од јагнешко и во категоријата пилешко.
Освен натпреварување Игор имаше и многу одговорна задача како Меѓународен судија во 4 категории.


– Ново и преубаво искуство за мене – раскажува Игор. – Работев како судија на вкусови а ја оценував и работата во боксовите. Натпреварувачите беа одлични! За мене беше голема чест да сум рамо до рамо со врвните судии од Турција, Азарбејџан, Хрватска, Словенија, Белорусија, Русија, Монголија и Молдавија.“
At the gastronomic competition Best cook fest- Podillia in Ukraine, the flag of Macedonia was flying, while Gastromak`s team received gold, silver and two bronze medals. Igor Kasper Atanasov and Blagoja Velkovski recived awards, and Vesna Todorovska – Alachovska had the engagement, together with Igor, as an Internacional judge.
Blagoja Velkovski won gold for fish and bronze for a modern kitchen.
Igor Kasper Atanasov won silver and bronze in preparation of lamb dishes and in the category of chicken.
Apart from the competition Igor had a very respnsibile task as an International Judge in 4 categories.