Гастромак се придружува на хуманитарната манифестација „Chefs for life- Кувари великог срца“
18/04/2019
Гастромак со награди и признанија од натпреварот во Будва
26/04/2019

Адријана Алачки, претседателката на Гастромак на „VISIT DAGESTAN 2019“

Адријана Алачки, претседателката на Гастромак, штотуку се врати од Дагестан, најголемата руска република во северниот Кавказ, на второто издание на Интернационалната гастрономско- туристичка манифестација „VISIT DAGESTAN 2019“ во Махачкала.

„Дефинитивно едно од најубавите патувања, многу нови искуства, уште повеќе пријателства ама и сознанија, вели Адријана. „Колку се цени гастрономијата кај нив кажува и податокот дека истата ја отвори нивниот претседател, кој ја покажа благонаклоноста повикувајќи ги сите судии на ручек.


Инаку, поканата за оваа интересна манифестација ја добив од Mahach Vagabov- директорот на фестивалот и Наталья Резникова- уредничката на најчитаниот магазин „Prodzi“, и како претседателка на Гастромак и како автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, со цел да се промовира нивниот туризам и гастрономија, кај нас во Македонија.
„VISIT DAGESTAN 2019“е подржана од WACS, па така беше обезбедено учеството на големите судски имиња Domenico Maggi, Iztok Legat, Alen Payen, Nikolai Baratov…

Во склоп на истиот фестивал се случуваа неколку „барби кју“ и „фиш-фест“ манифестации, многу популарни во Русија, за кои сите комплименти се упатуваа на Don David и Michel Lentz, кои имаат и „барби кју“ училишта во Москва. Таму секоја држава имаше свој штанд со автентични производи кои најдобро го опишуваат поднебјето од кое доаѓаат. Покрај гастрономија уживавме во музика, танци, споделувавме тајни од кујна. Многу ми се допадна сплотеноста со која функционираат готвачите и тоа е клучот на успехот и котирањето на гастрономијата кај нив…Се на се, прекрасни домаќини кои ќе ги имаме како гости на претстојниот „Гастромак 2019“ што во октомври ќе се случува во Охрид.